За разлика од Зидан, неговиот германски колега не е задоволен со 1-1

Челзи непоразен и со гол на гости ќе го дочека Реал во реваншот идната среда, но Тухел вели дека неговите фудбалери заслужија повеќе од 1-1 и дека шпанскиот првак се извлече на индивидуален квалитет.

Израмнувачкиот гол на Бензема во 29-тата минута беше единствен шут во рамките од голот на Менди, кој заврши во неговата мрежа, а Тухел жали за пропуштените шанси во првиот дел, особено на големото промашување на Вернер во воведот од мечот.

„Примивме гол од речиси никаква закана, само со еден шут во нашите рамки, а тоа често се случува кога противникот го користи индивидуалниот квалитет. Ќе мора да научиме да живееме со овој резултат, иако заслуживме да постигнеме најмалку два гола во првото полувреме. Тргнавме со доста храброст и самодоверба, бевме одлични во првите 45 минути, но заморот не стигна и се забележа дека второто полувреме беше тактичко надмудрување. Сметам дека требаше да ги решиме дилемите уште во првиот дел, заслуживме повеќе од реми“, посочи Тухел по гостувањето во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести