За репрезентацијата дебитираше пред 22 и пол години, беше пресреќен по победа над Македонија

Фудбалската легенда на Андора, дефанзивецот Илдефонс Лима, постави светски рекорд по должина на играње за репрезентација. Тој дебито за својата земја го имаше 22 години и 148 дена пред мечот со Турција, кога играше по 126-ти пат за својата земја. Досега рекордер беше Иван Хуртадо од Еквадор со 22 години и 143 дена од првиот до последниот меч.

Не се знае дали Лима, кој наскоро полни 40 години, ќе се повлече од фудбалот или ќе игра и во квалификациите за СП 2022. Тој има и 11 гола за Андора, со што е рекордер.

Ахмед Хасан, кој е рекордер со 184 настапи за својата земја, играше „само“ 17 години за Египет. Од активните фудбалери, Серхио Рамос би можел да го стигне Хасан, бидејќи има 168. Кај головите, прв е Али Даеи со 109, а Кристијано Роналдо има десет помалку.

Инаку, Лима како најважни моменти ги кажа: дебито против Естонија во 1997 година, играњето против Бразил во 1998 кога за Кариоките играле Роналдо, Ривалдо и дружината, истата 1998 играа на првиот меч со Франција како актуелен светски првак, во 2009 настапи на „Вембли“ против Англија, кога се повлече неговиот брат Тони, и победата од 1-0 над Унгарија во 2017 година. Според Лима, тоа е најдобрата игра на Андора во нејзината историја.

Во 2004 година Андора дојде до првата победа во историјата на официјален меч, а нивна жртва беше македонската репрезентација. Како најдобри фудбалери против кои играл Лима ги наведе: Роналдо, Кристијано Роналдо, Фернандо Торес, Робин ван Перси и Андриј Шевченко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести