За Роналдињо, Меси не е во најдобрите тројца на сите времиња

Бразилската легенда Роналдињо кој играше со Лионел Меси во Барселона, не мисли дека Лео е меѓу тројцата најдобри фудбалери во историјата на овој спорт. Ова е прилично големо изненадување, бидејќи тие се блиски, но секако изборот е работа на вкус и според вкусот на Роналдињо, други тројца играчи (двајца Бразилци и еден Аргентинец) се најдобри на сите времиња.

„Не сакам да го споредувам Меси со други или да кажам дека е најдобар на сите времиња. Тешко е да се каже дека Меси е најдобар во историјата. Можам да кажам дека е најдобар во неговата ера. Низ историјата имаше играчи како Диего Марадона, Пеле и Роналдо“ – порача Роналдињо кој беше главен во Барса кога Меси почнуваше да се пробива во првиот тим на каталонците.

- Оглас -

Најнови вести