За Шкрињар три, за Конте еден меч суспензија

Интер остана без клучниот дефанзивец Милан Шкрињар за гостувањето кај Парма од 28-мото коло во Серија А.

Словачкиот стопер доби три меча суспензија поради навреди упатени кон судијата Давиде Маса во вчерашното реми со Сасуоло, а дополнително ќе плати казна од 10.000 евра. Покрај Парма, Шкрињар ќе ги пропушти натпреварите против Бреша и Болоња во рамките од 29-тото, односно 30-тото коло во Калчолигата.

Дополнителен проблем за Нераѕурите е што за средбата против Парма ќе им недостасува тренерот Антонио Конте, кој исто така поради суспензија нема да биде на клупата. Тој дуел е закажан за 28 јуни.

- Оглас -

Најнови вести