Докажаните голгетери Ерлинг Халанд, Хари Кејн и Роберт Левандовски речиси сигурно ќе се впишат во листата на стрелци на дуелите од Лигата на шампионите, барем според коефициентите во Sport Life. Манчестер сити вечерва е домаќин на Јанг бојс, Барселона гостува кај Шахтар, додека Баерн во Минхен ќе го пречека турскиот гигант Галатасарај.
Во понудата има дури 58-мина фудбалери од сите 32 екипи кои денеска и утре ќе бидат дел од Лигата на шампионите. Покрај понудата за стрелци, тука се и игрите на „плус-минус“ за жолти картони и за бројот на корнери.
Кога се работи за жолти картони, границата е меѓу три и пет јавни опомени, додека за корнерите границата е меѓу 9 и 11 изведени удари од аголот по средба.