За Тухел еден меч суспензија и парична казна, Конте помина подобро

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Томас Тухел, тренерот на Челзи, со еден натпревар суспензија и 35 илјади фунти парична казна, за недоличното однесување во дербито против Тотенхем од изминатиот викенд.

Антонио Конте помина подобро, ќе треба да плати само 15 илјади фунти парична казна без при тоа да отсуствува натпревар на клупата на Петлите, иако двајцата менаџери добија црвени картони по финишот на дербито.

Драмата на „Стемфорд бриџ“ во која двајцата тренери со многу страст се расправаа покрај аут-линијата, имаше две епизоди и тоа во моменти на двата гола на гостите од северниот дел на Лондон, при што имаше многу контроверзи кои не поминаа без коментар од страна на германскиот стратег. Тухел има право да се жали за пресудата, но како што стојат работите Челзи викендов без својот стратег ќе гостува кај Лидс во рамките од третото коло на Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести