За ваков крвнички старт се добива црвен, а Барнс се „спаси“ со жолт картон (видео)

Ешли Барнс, напаѓачот на Барнли, се спаси од исклучување иако крвнички стартуваше врз противничкиот играч и буквално го крена во воздух во обидот прв да стигне до топката. За негова среќа и можеби незадоволство на неутралните гледачи, судијата го санкционираше само со жолт картон иако при ваков старт противникот лесно можеше да се здобие со повреда.

Инаку Барнли и Лидс ремизираа при конечни 1-1, откако Вудс го отвори мечот во 61-та минута, а Бамфорд го постави конечниот резултат во финишот од мечот за поделба на бодовите.

Ashley Barnes shocker of a challenge against Leeds. from soccer

Со минимален резултат од 1-0 победи Тотенхем против Ватфорд, благодарение на феноменалниот слободен удар кој го изведе Сон непосредно пред паузата.

- Оглас -

Најнови вести