За ваков мајстор нема место во Ливерпул (Видео)

Европскиот првак Ливерпул има супер квалитетен тим, па Јирген Клоп мораше и да се откаже од неколку играчи што имаат голем потенцијал, меѓу нив и од 22-годишниот талент Хари Вилсон.

Играчот од средниот ред му е позајмен на Борнмут, а со игрите од почетокот на сезоната за популарните „цреши“ потврдува дека има квалитет за големи дела. Денеска тоа го потврди со фантастичен гол од слободен удар против шампионот Манчестер сити.

Мајсторски од околу 25 метри го погоди самио агол на голот на Манчестер сити, а Едерсон иако се обиде со парада не успеа да одбрани. Спектакуларен гол на 22-годишниот талент, кој покажува дека е играч за големи дела и од него допрва се очекуваат уште подобри игри.

https://www.youtube.com/watch?v=BvBRsnVrogE

- Оглас -

Најнови вести