За ваков пропуст, Абидал треба да добие отказ од Барселона

Во минатиот зимски преоден рок, Барселона беше во потрага по „бек-ап“ опција во нападот како замена за Луис Суарес. Каталонците имале две опции, да го ангажираат младиот Ерлинг Халанд кој тогаш играше за Молде, или пак да се потпрат на искуството на контроверзниот Кевин Принс Боатенг.

Како што е познато, Боатенг дојде на позајмица на „Камп ноу“ од редовите на Сасуоло и воопшто не се прослави. Одигра само три меча на кои не се запиша во листата стрелци, па експресно беше вратен во Италија. Но, зошто Барселона не се одлучила за Халанд?

Наводно, скаутите констатирале дека норвешката сензација не може да се вклопи во системот на Барселона, едноставно бил многу курпулентен, а неговата игра тврда за шпанскиот фудбал. Набрзо потоа Халанд премина во Салцбург каде што се прослави со одличната голгетерска форма.

По 28 погодоци оваа сезона, Халанд пред неколку дена потпиша за Борусија Дортмунд за сума од 20 милиони евра, додека Барселона и натаму трага долгорочна замена за Суарес. За ваков пропуст некој мтреба да добие отказ, а одговорен за трансферите на Барса е Ерик Абидал.

- Оглас -

Најнови вести