Со вакво голчиште се ужива, не треба ни ВАР, ни потврда од судии, соиграчи… (Видео)

Бруно Зукулини постигна голчиште за Ривер плејт на дуелот со Аргентинос јуниорс, а посебен ефект на страшно атрактвниот гол му даде ударот на топката во пречката, но потоа се одби надвор од поле.

Популарниот Зуку без размислување распали по фудбалот од околу 25 метри, а за ваков проектил не требаше да се гледа ниту ВАР, ниту да се чека потврда од судиите.

Напаѓачот Јилијан Алварес притрча за да го потврди голот, ја смести дополнително топката во мрежата, но стрелец е Зукулини со вистинско фудбалско ремек-дело што не се пропушта.

River Plate [1] – 0 Argentinos Juniors – Zuculini 28′ [Stunning goal] from soccer

Ривер убедливо го победи ривалот со 3:0, а покрај ефектниот гол на Зукулини, мрежата на гостите ја тресеа и Алварес и Ромеро.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести