За Вардар е кобно кога ќе прими гол во првите 2-3 минути од мечот

Трите бода останаа за домаќините во скопската пресметка меѓу Македонија Ѓорче Петров и Вардар, во рамките од шестото коло во Прва фудбалска лига. Тимот од Ѓорче уште на стартот најави дека оди на победа и по само две минути поведе со погодокот на Абдул Басит Калид.

Ова е трет меч во досегашните шест кола, Вардар да прима погодок во почетните 2-3 минути и трет пат губи. Во првото коло против Борец, велешани поведоа во втората минута и тоа се покажа доволно за победа од 1:0. Силекс во третата минута поведе со 1:0 против Вардар и на крајот славеше со 4:0, а сега примениот гол во втората минута претрпеа нов неуспех.

Црвено-црните стигнаа до 1:1 со голот на Лазаревиќ во 12 минута, но во последната минута од првиот дел, интернационалецот од Гана донесе нова радост за Македонија ЃП. Калид погоди за 2:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Во вториот меч кој се играше денеска, Работнички и Струга Трим Лум ремизираа 1:1. Утре се играат останатите мечеви од ова коло во Прва лига, а се среќаваат: Беласица – Пелистер, Шкендија – Алкадемија Пандев, Шкупи – Ренова и Силекс – Борец.

- Оглас -

Најнови вести