Забегаa фановите во Белгија: Фрлаа кон противничките навивачи со мртви глувци

Дуелот меѓу Стандард Лиеж и Шарлроа има посебно значење за навивачите на двата тима, затоа што тоа е ривалитет кој трае. На крајот, Стандард Лиеж победи со 3:1, но во центарот на вниманието беше тоа што се случуваше на трибините.

Атмосферата беше „загреана“, а двете навивачки групи со пиротехнички средства ги поздравија своите миленици на теренот. Само што започна, дуелот беше во неколкуминутен прекин поради фрлените димни бомби на теренот. Кулминацијата се случи кога гостинските навивачи фрлија мртви глувци офарбани во црвена боја (бојата на дресовите на домашниот тим).

„Навивачите на Шарлроа фрлаа со фртви глувци кон Т2 секторот. Не збориме за еден-два глувци, туку десетина. Се надеваме дека челниците на лигата ќе реагира на ваквото однесување. Треба да се вклучат и здруженијата за заштита на животните“, стои во дел од реакцијата на навивачите на Стандард Лиеж.

- Оглас -

Најнови вести