Зачудувачка е разликата кога ќе се споредат Солскјер и Мурињо (Фото)

Жозе Мурињо е тренерот кој изминативе 10-тина години е во самиот врв на својата професија. За разлика од него, Оле Гунар Солскјер се обидува да се пробие во тренерската работа. Норвежанецот кој светска слава достигна како играч на Манчестер јунајтед, изминативе три години работеше како тренер во Молде. Сепак, ова како да е период во кој се гледа крајот на времето на Мурињо, а почеток на славата на Солскјер.

Откако Мурињо доби отказ во Манчестер, Норвежанецот доби шанса да седне на клупата на гигантот од „Олд Трафорд“. Добиената шанса засега Солскјер максимално ја користи. Во првите шест меча во првенството, Манчестер има шест победи, а на тоа ако се додадат и двата триумфи во куповите, се доаѓа до перфектни осум од осум.

Англичаните направија една споредба со тоа како Манчестер играл во последните шест меча под водство на Мурињо во Премиер лигата, како и првите шест меча во Премиер лигата кога тренер е Солскјер.

Просекот на поседот на топката со Мурињо на клупата е под 50 отсто, а откако е дојден Солскјер, поседот на топката кај Манчестер јунајтед е над 60 отсто. Со Мурињо, Манчестер на последните шест меча имал по 10 шута на гол, а откако е дојден Солскјер тој просек е 15 удари кон противничкиот гол. Повеќе од 100 е разликата на комплетирани пасови на играчите, но и сите останати споредби се во корист на Оле Гунар Солскјер.

 

- Оглас -

Најнови вести