Задоцнил на тренинг затоа што го киднапирале вонземјани!

Некогашниот играч на Бока јуниорс, Густаво Лоренцети, откри една анегдота која му се случила на неговиот соиграч Гилермо Марино од пред десетина години. Лоренцети открива дека Марино во една ситуација како причина за тоа што доцни на тренинг објаснил дека бил киднапиран од вонземјани!

„Има играчи кои наоѓаат најразлични причини зошто доцнат, но Марино не е таков. Тој беше многу коректен и сите го знаат тоа. Искрено јас верувам во војземјани. Гилермо детално ни објасни на што се сеќаваше од тоа што му се случило. Објасни дека ненадејно се загубил и потоа се појавиле вонземјаните кои го киднапирале. Ни објасни дека му ја извадиле душата, го анализирале и дека за цело време внимавале на него. Ни даде сјајно објаснување и моравме да му веруваме. Јавете му се нему и тој детално ќе ви објасни што му се случило. Во секој случај, го киднапирале вонземјани“, откри Лоренцети.

Марино, кој сега има 39 години, ја заврши професионалната кариера во 2015 година, а во Бока јуниорс играше во периодот од 2005 до 2010 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести