Загреб подготвува гранитна одбрана за Вардар

Без притисок од улога на аутсајдер, хрватскиот првак Загреб денеска е домаќин на Вардар во првиот меч од осминафиналето во ракометната Лига на шампиони. Иако квалитетот не на страната на „црвено-црните“, играчите на Загреб веруваат дека со максимална пожртвуваност, може да направат изненадување.

„Нема притисок. Треба да го одиграме дуелот како што знаеме. Да бидеме цврсти и борбени и да не се предадеме. Меѓу двете екипи нема голема разлика“ вели капитенот на Загреб, искусниот 34-годишен Златко Хорват. Со 73 погодоци, Хорват сезонава е трет стрелец во ЛШ и главна опасност за голот на Вардар.

Давид Мандиќ е вториот играч од кого домаќините ќе очекуваат многу. Младиот 21-годишен Мандиќ вели дека Загреб не е без шанси.

„Вардар има добар тим, пред две години беше европски првак, но ние ако одиграме добро во одбраната, ќе имаме шанси“, вели Мандиќ пред мечот кој стартува вечерва во 20:30 часот во главниот град на Хрватска.

ДЕФАНЗИВАТА Е ПОСИЛЕН ДЕЛ НА ДВАТА ТИМА

Интересно е што во досегашниот дел од сезоната во ЛШ, Загреб прими 388 голови, а Вардар 390, што посочува на добра одбрана.

Хрватскиот првак се присетува на победата која ја остварија против Вардар во 2016 година, во групната фаза од Лигата на шампиони и сега се надеваат на сличен резултат. Вардар победи на осум од последните девет меѓусебни средби со Загреб е фаворит, но „црвено-црните“ на теренот треба тоа да го потврдат, без разлика на оптимизмот кој владее кај домашните ракометари.

- Оглас -

Најнови вести