26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Загребска арена станува болница за заразени од Коронавирусот

Загребската арена кое најголема сала во цела Хрватска, се претвора во болница за потребите на луѓето кои се заразени од Коронавирусот. Местото каде се играше Европското ракометно првенство во 2018 година, каде имало многу други спортски, но и музички настани, сега станува место каде ќе се примаат болните од опасниот вирус.

Низ целата сала се наредени кревети за оние болни кои немаат толку тешка клиничка слика.

„Имаме примарни, секундарни и терцијални центри. Еден од тие секундарни објекти ќе биде и Арена Загреб“, објасни министерот Вили Берош.

Според пишувањата на „Јутарњи лист“ во Арена ќе бидат сместениполесно заболените, за да може во болниците да се ослободи капацитетот за сместување на потешко болните лица од Коронавирусот.

Во Хрватска досега има 130 пријавени заболени од опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести