Загубија и останаа без баражот, а навивачите се испотепаа меѓу себе (Видео)

Босна и Херцеговина сама си решаваше за судбината дали ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство и падна на првата пречка. На свој терен во Зеница, Босна и Херцеговина загуби од Финска со 1:3 и на тој начин наместо да брка второ место, ги загуби сите шанси за пласман во баражот.

Освен што загубија на теренот, домаќините се посрамотија и надвор од него. Пред мечот, имаше повеќе инциденти, а посебно голем беше тој меѓу навивачите на Зрински и Вележ.

Во тепачката беа користени факели, метални прачки и камења, а едно лице е потешко повредено.

 

- Оглас -

Најнови вести