Загубија со 9:0, а по тој меч освоија повеќе бодови од тимот што ги посрамоти

Во англиската Премиер лига сезонава во главна улога беше Ливерпул. Тимот кој блескаше сè до почетокот на кризата со корона-вирусот, па на крајот и очекувано стигна до титулата, и тоа по пауза од 30 години.

Покрај стандардно одличните игри на Ливерпул, сезонава ќе се памти и по еден меч кој се одигра на стадионот на Саутхемптон. На 25 октомври 2019 година Саутхемптон пред своите навивачи беше посрамотен и убедливо со 9:0 загуби од Лестер. Тоа е најтежок пораз на еден тим во Премиер лигата сезонава.

Тоа што е значајно е дека Саутхемптон многу брзо ја сфати лекцијата и се издигна на вистинско ниво. По тој дебакл на свој терен, Саутхемптон до крајот на сезоната освои 44 бодови, што е за два бода повеќе освоени од Лестер. Тимот кој победи со 9:0 едноставно потоа падна во формата и на крајот имаше помалку освоени поени од Саутхемптон, кој претрпе дебакл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести