Најдобриот стрелец во нашата група бара протекција за мечот со Македонија

Еран Захави бара протекција за десниот бек Ели Даса и за напаѓачот Мунес Дабур за да бидат стартери на дуелот со Македонија во Бер Шева на петти септември.

Најдобриот стрелец во нашата квалификациска група и самиот не е комплетно фит, но најави дека ќе даде сè од себе да помогне да се победи, како што вели одличниот состав на македонската репрезентација.

„Имам проблем со прстот, но иако не сум 100 отсто подготвен, ќе дадам 200 отсто за да победиме во многу важен меч за нас. Ако сакаме пласман на Европското првенство, мора да победуваме“, вели главниот адут на Израелците.

Тој се заложи за Даса и за Дабур кои имаат проблеми со неиграње силни мечеви. Десниот бек Ели Даса нема клуб, иако е повикан од Андреас Херцог во репрезентацијата. „Играше подготвителен меч и мене ми изгледа дека е во добра физичка кондиција. Ни треба неговото искуство“, коментира Захави и додаде дека му е жал за Дабур, кој се наоѓа во незавидна позиција во Севилја и сака да си замине неполни 8 месеци откако од Салцбург се пресели во Севилја. Нема одиграно ниту еден меч за шпанскиот репрезентативец и прашање е во каква форма е.

„Дабур е одличен играч и човек и ми е жал што се најде во ваква ситуација. Верувам дека ќе може да ни помогне на следните два меча“, додаде Захави.

За него, дуелот со Македонија за три дена е посебно значаен, бидејќи инцидентот што го направи по поразот од нашата селекција на втори септември пред две години во Хаифа, го чинеше многу непроспиени ноќи, а веќе не може да биде капитен откако ја фрли капитенската лента на тревникот.

Беше отстранет од репрезентацијата на Изреал, но Херцог го врати првиот стрелец во националниот состав и Захави игра импресивно во овие квалификации. Тој е прв стрелец во нашата група со 7 гола на четири натпревари.

- Оглас -

Најнови вести