Захави: Не бевме агресивни, на домашен терен не се губи предност толку лесно

Еран Захави беше убедливо најопасниот израелски фудбалер по нашиот гол, ни ја затресе мрежата за предност на домаќините од 1:0 и вели дека клучни биле следните десеттина минути за да се издржи и да се победи Македонија.

„Сите во Израел некако и еуфорично очекуваа лесно да ја победиме Македонија. Тие се незгодна репрезентација и тоа го покажаа и на теренот во Бер Шева. Ние не бевме доволно мудри и пред се агресивни да ја сочуваме предноста. На домашен терен не се дозволува толку наивно да прокоцкате 1:0, ако сакате да играте на Европско првенство. Сепак, сè ќе се заборави ако ја победиме Словенија за 4 дена“, изјави Захави.

Тој беше стрелец во 55-тата минута и за него тоа е осми гол во овие квалификации, со што е прв стрелец во групата Г. Девет минути подоцна, со голот на Аријан Адеми, Македонија израмни на 1:1 и освои еден бод на тешкото гостување во Израел.

- Оглас -

Најнови вести