Зајков и семејството безбедно ја напуштија Украина

По неколку дена неизвесност, македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков и неговото семјество сега се на сигурно. Зајков вечерва ја напушти Украина, пристигна во Унгарија и е на пат кон Македонија.

Македонскиот репрезентативец пред само еден месец потпиша за тимот на Ворскла Полтава во Украина, но немаше шанса да дебитира за новиот тим, затоа што на само три дена пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, започна руската агресија врз Украина.

Зајков пред два дена во изјава за ФФМ објасни дека авионскиот сообраќај е затворен и дека доколку треба да си замине ќе мора тоа да го направи со автомобил. Токму тоа се случи вечерва, централниот дефанзивец со своето семејство си замина од земјата која е нападната, упатувајќи порака преку социјалните мрежи „живи, здрави искочени од Украина. Фала ти Господе“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести