Зајков играше по 7 месеци пауза за Шарлроа, се радува на голем бод против Андерлехт

Ѓоко Зајков одигра одличен меч за Шарлроа против Андерлехт, заслужено со соиграчите се радува на бод против Андерлехт, а добро е и за репрезентацијата што по 7 месеци пауза настапи на меч од белгиското првенство.

Зајков одигра како стопер цел меч за гостите, кои освоија голем бод против белгискиот гигант, со реми 1:1.

Беневенте беше стрелец од белата точка за гостите во 89. минута. Македонскиот репрезентативец за последен пат пред гостувањето на „Констант Ванден Шток“ вечерва играше за Шарлроа во мај годинава.

Тој е еден од златната генерација младинци што забележа историски настап на Европското првенство во Полска во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести