Зајон ги разоружа Воините и испиша историја во НБА-лигата (видео)

Зајон Вилијамсон повторно се наметна како лидер на Пеликанс и ги одведе до триумф на гостувањето кај Голден стејт вориорс со 115:101. Откако првиот пик заигра во полн погон, Њу Орлеанс почна да реди добри резултати и влезе во битка за последното место на Западот кое води во разигрувањата со учинок 25-32, односно имаат три победи помалку од Мемфис.

Зајон мечот го заврши со 28 поени, 7 скока и 2 асистенции и тој е најмладиот играч во НБА-лигата кој постигнал 20+ поени во осум последователни натпревари. На 19 години, само Кармело Ентони успеа да постигне 20 или повеќе поени, но во седум меча во низа.

- Оглас -

Најнови вести