Зајон го одигра мечот на кариерата, но и тоа беше недоволно да се сопре чудесниот Леброн (Видео)

Во рок од само четири дена се одиграа два мечa на кои главни беа играчи од две различни генерации. Вторпат на паркетот еден против друг се најдоа Леброн Џејмс и Зајон Вилијамсон и вторпат епилогот беше ист. Лос Анџелес лејкерс го победува Њу Орлаеанс. Првиот пик на драфтот за оваа сезона го одигра најдобриот меч во кариерата, но и тоа не беше доволно да се сопре и да се победи Џејмс.

Вилијамсон заврши со фантастични 35 поени и седум скокови, но чудесниот Џејмс беше незадржлив и на крајот заврши со трипл-дабл од 34 поени, 12 скокови и 13 асистенции. Младата НБА-ѕвезда доминираше во рекетот каде што противничката одбрана не можеше да го сопре, но Џејмс беше на едно посебно ниво за игра на овој дуел, па на крајот Лејкерс победи со 122:114.

Поените кои го решија натпреварот Леброн Џејмс ги постигна токму преку Зајон, кога даде тројка на две минути до крајот и Лејкерс поведе со пет разлика, па Пеликаните немаа шанса да се вратат во игра.

Резултати: Денвер – Торонто 133:118, Сакраменто – Детроит 106:100, Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 114:122, Голден стејт – Вашингтон 110:124.

- Оглас -

Најнови вести