Закана кон играчите на Интер: Победа против Емполи, или тешко вас!

В недела од 20.30 часот, ќе се играат мечевите на одлука во Серија А околу пласманот во еврокуповите и битката за опстанок, а дуелот на Интер и Емполи е најинтересен, бидејќи победата им треба на двата тима. Интер со победа би осигурал место во Лигата на шампионите, а Емполи со победа останува прволигаш.

Притисокот ќе биде голем врз двата тима, а масло врз оганот ставаат фановите на Интер за кои мечот е „или прослава или војна“.

„Нема изговор. После натпреварот ќе има или прослава или војна“ – порачаа ултрасите на Интер.

„Ќе ве бодриме цел меч, ве поддржувавме и кога требаше да се исклучи Икарди од составот, но сега соблекувалната мора да преземе одговорност“ – додадоа фановите.

Според состојбата на табелата, мали се шансите после мечот во Милано да се радуваат и Интер и Емполи. Кој ќе биде тажен, ќе се види в недела вечер.

- Оглас -

Најнови вести