Заканата од навивачите делуваше: Интер го растури Сасуоло (видео)

Во пресрет на овој меч, навивачите на Интер испратија заканувачка порака до фудбалерите дека ќе ги чекаат со бејзбил палки доколку не го победат Сасуоло. Се чини дека заканата делуваше, па Интер со убедливи 3-0 го растури домаќинот на „Мапеј“ стадионот.

Нероаѕурите по само 14 минути игра веќе имаа двојно водство, кое прво го донесе Санчес во четвртата минута, а точно 10 минути подоцна Кирикеш си постигна авто-гол при прекин за гостите.

Галјардини во второто полувреме стави крај на стави крај на сите дилеми со ефектен погодок поставувајќи ги конечните 3-0. Интер сега го презеде второто место од Сасуосло на табелата, двете екипи имаат по 18 бода.

- Оглас -

Најнови вести