Заканите на Карлеуша се исполнуваат: Врањеш исфрлен од репрезентацијата, фудбалерот го „нападна“ селекторот

Огњен Врањеш повеќе нема да биде дел од репрезентацијата на Босна и Херцеговина, потврди селекторот Роберт Просиченки. Причина за исфрлувањето од националниот тим се скандалите на Врањеш направени надвор од теренот.

„Сам себе се исфрли од репрезентацијата. Репрезентативец на една селекција мора да се докажува на, но и надвор од теренот. Жал ми е, но така е. Точно е и тоа дека ќе имаме проблем, бидејќи Врањеш играше добро на позицијата десен бек, но се надевам дека ќе најдеме адекватна замена“, рече Просинечки.

Како причина за исфрлувањето од репрезентацијата е скандалот на Врањеш со српската пејачка Јелена Карлеуша, како и тетоважата на играчот, на која е еден од четничките лидери од Втората светска војна. По аферата со Карлеуша, српската пејачка се закани дека ќе го исфрли Врањеш од репрезентацијата, но и дека нема да може никаде да игра фудбал на врвно ниво.

По дознавањето дека е исфрлен од репрезентацијата, Врањеш реагираше на свој начин.

„Слушај другар, биди тоа што сакаш, немој никому да се продадеш, мораш да се бориш. Знам дека не е лесно…“, објави Врањеш на својот инстаграм-профил дел од песната „Друже“ на групата Београдски синдикат. Врањеш дополни дека селекторот требало да гледа дали тој игра добро за репрезентацијата, а не да се грижи со кого спие.

 

 

- Оглас -

Најнови вести