Залудно го цензурираа, Клоп ги нападна телевизиите: Спомни ги уште еднаш ТВ-правата и ќе полудам! (видео)

Во отсуство на бројни првотимци Ливерпул без многу мака го надигра Лестер, меѓутоа на Јирген Клоп му се повреди уште еден играч. Наби Кејта има проблеми со бутниот мускул, наскоро ќе биде позната прогнозата околу тоа, а Клоп вчера не можеше да се воздржи и ги нападна телевизиите кои ги пренесуваат натпреварите од Премиер лигата поради густиот распоред.

Повеќе од половина од интервјуто со „Скај спортс“ не беше објавено од страна на споменатата телевизија, но и покрај тоа што го цензурираа, гласот на Германецот се рашири благодарение на една американска телевизија.

„Знам дека вас (Скај спортс) и БТ спортс не ве интересираат нашите проблеми, а всушност тоа е вистинскиот проблем. Доколку вие две телевизии не се договорите, ни следува уништување на сите нас. Не сум сигурен дека ќе издржиме со ова темпо. Играме во среда и четврток, па веднаш за викенд. Па има и репрезентативни обврски, со ова темпо се сомневам дека до крајот на сезоната ќе ми останат 11-мина здрави играчи. Ова не го кажувам само за да го заштитам мојот тим, туку сите играчи. Ми се чини дека Сака се повреди, а претходниве денови одигра три натпревари за Англија, што не е нормално. Ни велат да ги ротираме играчите. Со кои играчи да ротирам? Повеќето што останаа здрави се деца… Она што навистина ме полудува е кога ќе ги спомнете договорите од ТВ-правата. Треба да се почитуваат телевизиските договори, но тие не се направени за корона-сезона. Сите моравме да се адаптираме на новиот начин на живот, како што сега јас носам маска. Сè се смени, само тие договори останаа исти, а кога бараме промени, одговорот што го добиваме е: „Тоа е наше и не го менуваме“… Молам?!“, заврши Клоп.

- Оглас -

Најнови вести