Замената на Димитриевски го спаси Рајо Валјекано од срам – Лопес одбрани три пенали за следна фаза во Копа дел Реј

Диего Лопес, резервниот голман на Рајо Валјекано и замена за нашиот репрезентативец Столе Димитриевски, го спаси клубот од Мадрид од голем срам и елиминација во Копа дел Реј со одлични одбрани во пенал-серијата против четвртолигашот Атлетико Сагунтино.

Лопес одбрани три од четирите пенали што ги шутираа домаќините, а неговите соиграчи ги погодија трите потребни удари од белата точка за пласман во 1/32-финалето на шпанскиот Куп.

Столе Димитриевски, кој е стандарден голман на Рајо Валјекано, доби поштеда, но беше на клупата за резерви за секој случај.

Лопес бранеше извонредно и во регуларниот дел што заврши без голови 0:0, а истиот резултат остана и по двете продолженија од по 15 минути.

Потоа на сцена стапи ветеранот, а Лопес има 41 година и го спаси Рајо Валјекано од бламажа во Копа дел Реј.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести