Замениците на Меси со категорично „не“ за челниците на Барселона

Челниците на Барселона имаа неуспеши разговори со четворицата најскапо платени фудбалери, по Лионел Меси. Играчите кои се и најдолго во клубот, но ја имаат и улогата на заменици капитени во Барселона, Жорди Алба, Жарарт Пике, Серхио Бускетс и Серхио Роберто, не прифатиле да добијат 50 отсто намалување на платите кои ги имаат во моментов.

Според најавите, Меси кому му истече договорот со Барселона, ќе прифати нова соработка, но за 50 отсто помала плата. Дури и Меси да се согласи на такво нешто, играчите кои имаат активни договори со Барселона, воопшто не помислуваат да се согласат на помали плати.

Каталонскиот гигант во изминативе неколку месеци се најде во сериозни финансиски проблеми, па затоа и не е многу активен на трансфер-пазарот. Летово на „Камп ноу“ дојдоа тројца нови играчи, но двајца дојдоа како слободни фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести