Занети: Преговаравме со Меси да дојде во Интер, но не можевме да му парираме на ПСЖ!

Во летото 2021 година се појави неочекувана можност за врвните клубови во Европа да го привлечат Лионел Меси откако финансиските потешкотии на Барселона значеа дека клубот не може да му понуди нов договор на својот најдобар фудбалер во историјата.

Интер имал обид да го обезбеди потписот на Меси, но понудата не била доволно богата како таа на Пари Сен Жермен и клубовите од Премиер лигата.

„Бев изненедан кога Меси ја напушти Барселона. Реално, не можеме да се натпреваруваме со ПСЖ или со клубовите од Англија, но поради разбирањето кое го имаме, разговарав со него кога имав шанса“, изјави потпретседателот на Интер, Хавиер Занети.

- Оглас -

Најнови вести