Западното дерби за Денвер, Дерозен го покори Торонто (видео)

Денвер нагетс го доби дербито на Западот против ЛА клиперс со конечни 114:104. Нагетси го искористија отсуството на Пол Џорџ кај гостите и ја остварија 27-мата победа сезонава и воедно го презедоа второто место на табелата токму од тимот од Ел-Еј.

Никола Јокиќ ги предводеше домаќините со дабл-дабл од 20 поени и 15 скока, тој беше најефикасен од седумтемина двоцифрени кошаркари во Денвер. На другата страна Кавај Ленард реализира 30 поени, имаше голема помош од Вилијамс (26) и Харел (25 поени), меѓутоа Клиперси немаа сили за пресврт, а ниту време за такво нешто, со оглед на тоа дека на половина од четвртата четвртина губеа со 18 поени разлика.

Демар Дерозен во својот камбек во Торонто го украде шоуто против својот поранешен тим. Ѕвездата на Сан Антонио го предводеше составот на Грег Попович до минимален триумф од 105:104 против актуелниот шампион.

Дерозен беше еден од режисерите на пресвртот на Спарси во „Скоушабенк арената“, додека Рептилите ќе жалат што испуштија +18 позитива. Дерозен со 25 поени, 8 скока и 4 асистенции се истакна како најефикасен на средбата, Ибака (21 поени, 14 скока) и Лаури (16 поени, 15 асистенции) остварија дабл-дабл учинок, меѓутоа не се потрудија доволно да спречат разочарување на своите навивачи, а најмногу жали Сијакам што утна тројка за победа во последните секунди од мечот.

Останати резултати: 

Бруклин нетс – Атланта хокс 108:86, Мемфис гризлис – Голден стејт вориорс 122:102, Феникс санс – Шарлот хорнетс 100:92.

- Оглас -

Најнови вести