Западното финале ќе почне без првите ѕвезди на Санс и Клиперс

Феникс санс и ЛА клиперс вечерва во (21:30 часот) ја отвораат финалната серија од Западната конференција, а првиот дуел во арената на Сонцињата ќе биде осиромашен со отсуството на две големи ѕвезди.

Клиперси гостуваат без лидерот Кавај Ленард, кој нема да игра ниту во вториот меч бидејќи закрепнува од повреда на коленото. Најефикасниот играч во разигрувањата со над 30 поени во просек ги пропушти претходните два меча против Јута, во кои Клиперс обезбеди пласман во конференциското финале, па ќе одмори и во наредните два дуели.

Феникс, пак, нема да смета на организаторот на игра Крис Пол. Пол уште е во ковид-протоколот и засега не е познато до кога ќе биде во самоизолација. Без него, Феникс ќе се потпре на вториот плејмејкер Кемрон Пејн.

- Оглас -

Најнови вести