Започнува револуцијата во Манчестер јунајтед – Десет фудбалери летото заминувааат од „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед имаше очајна, една од најлошите сезони во историјата на клубот, која што сите нивни приврзаници ќе сакаат да ја заборават.

Со доаѓањето на Ерик Тен Хаг, навивачите и раководството очекуваат далеку подобри резултати, а веќе за на лето најавени се дури 10 заминувања од „Олд Трафорд“.

Договорите им истекуваат на Пол Погба, Немања Матиќ, Единсон Кавани, Хуан Мата  и Фил Џонс и тие ќе си заминат како слободни агенти. Џеси Лингард веќе преговара за трансфер во Вест Хем, каде што играше одлично за време на позајмицата.

Додека од клубот се надеваат дека ќе успеат добро да заработат од Дин Хендерсон, Арон Ван Бисака и Ерик Баи за кои има интерес од неколку Премиерлигаши.

Манчестер, сезонава која што измина заврши на шестото место со што ќе игра во Лигата на Европа, а за тоа колку лоша сезона имаше говори и податокот дека имаа 57 постигнати и исто толку примени погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести