Запре неверојатната серија на Дончиќ поради очајниот шут (Видео)

Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, го одигра првиот натпревар сезонава во кој постигна помалку од 30 поени и ја прекина неверојатната серија од девет натпревари по ред од стартот од сезонава на кои ја надминуваше оваа граница.

Воедно, ова е втората најдолга серија во историјата на НБА-лигата, единствено Вилт Чембрлен во сезоната 1962/63 на првите 23 натпревари постигнуваше најмалку 30 поени.

Серијата на Дончиќ запре во Орландо, каде што неговиот Далас загуби со 94:87, а тој натреварот го заврши со 24 постигнати поени и очаен шут од игра. Словенечкиот кошаркар погоди само 9 од 29 упатени шутеви кон кошот на Орландо, а очаен беше и во шутот за три поени погодувајќи само две тројки од 11 обиди.

Милвоки бакс им се врати на победите, и тоа играјќи без својот најдобар кошаркар, Јанис Адетокумбо, кој има проблеми со коленото.

На мечот со Оклахома сити тандерс не настапи ниту вториот стрелец на екипата, Џру Холидеј, но Милвоки по две продолженија славеше со 136:132 благодарение на Џевон Картер, кој постигна рекордни 36 поени во кариерата и имаше 12 асистенции. Одлична партија имаше и центарот Брук Лопез со 24 поени и 13 скокови. Кај Оклахома сити, најдобар беше Шеј Гилџес-Александер со 39 поени.

Во градската пресметка во Лос Анџелес славеа Клиперси со 114:101 и ја продолжија агонијата на Лејкерси. За Клиперси ова беше осма победа по ред во меѓусебните дуели со Лејкерси, последен пат загубија од Езерцата во 2020 година.

Кевин Дурант со трипл-дабл од 29 поени и по 12 скокови и асистенции го предводеше Бруклин нетс во победата од 112:85 над Њујорк никс.

Резултати: Орландо – Далас 124:102, Шарлот – Портланд 95:105, Индијана – Денвер 119:122, Атланта – Јута 119:125, Бостон – Детроит 128:112, Бруклин – Њујорк 112:85, Торонто – Хјустон 116:109, Чикаго – Њу Орлеанс 111:115, Минесота – Феникс 117:129, Оклахома сити – Милвоки 132:136, Сан Антонио – Мемфис 122:124, ЛА клиперс – ЛА лејкерс 114:101, Сакраменто – Кливленд 127:120.

- Оглас -

Најнови вести