Заразениот сопственик на Лудогорец направил хаос во Софија

Сопственикот на бугарскиот фудбалски првак Лудогорец, Кирил Домушчијев, е еден од заразените со Коронавирусот. Домушчијев предизвикал хаос во една приватна болница во Софија откако не се придржувал на правилата.

Наместо да остане во изолација и да ги чека резултатите, Домушчијев заминал во приватната болница и таму дознал дека е заразен од опасниот вирус. На тој начин, богатиот сопственикот

на Лудогорец ги загрозил 180 вработени во болницата, како и 170 пациенти кои биле на лекување.

Полицијата забранила влегување и излегување од болницата, а бугарскиот епидемиолог Атанас Магаров е зачуден од неодговорното однесување на Домушчијев.

„Како може вака да се однесува? Само затоа што е милионер“, изјавил епидемиологот Магаров, а пренесуваат медиумите во регионот.

Домушчијев освен што е сопственик на Лудогорец, тој е и бродски магнат, како и сопственик на една телевизија во Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести