Зарем е можно Пеп да го остави Агуеро на клупа во мечот кој го чекаше цела кариера?

Останаа уште 11 дена до големото финале во Лигата на шампионите, во кое Манчестер сити и Челзи на 29 мај во Порто ќе ги одмерат силите. Овој меч ќе биде од посебен значај за Серхио Агуеро, кој може да биде последен во дресот на Граѓаните пред ја заврши 10-годишната авантура со новиот англиски првак.

Кога Агуеро последен пат ја обновуваше соработката со Сити, кажа дека ќе остане во клубот додека не ја освои Лигата на шампиони. Судбината сакаше токму неговиот последен меч да биде за пехарот со големите уши, но според Гвардиола, прашање е дали Аргентинецот воопшто ќе добие шанса за настап.

„Мора да бидам ладен при изборот на стартните 11. Доколку Агуеро е подготвен да дава голови, нормално дека ќе игра. Но, во прашање е финале во Лигата на шампионите, тука немам право да мешам емоции“, истакна Пеп.

Поради повреда на ногата, 32-годишниот Агуеро ќе го пропушти гостувањето на Сити кај Брајтон во претпоследното коло во Премиер лигата, а дали ќе може да ја поврати формата пред финалето, ќе покаже времето. Оваа сезона одигра само 18 натпревари, во кои стартер беше само на осум од нив со учинок од четири погодоци. Бројните повреди го спречија рекордерот на Сити во голем стил да се прости од клубот.

- Оглас -

Најнови вести