Заслуживме подарок од Бундеслигата – Хинтерегер си даде автогол (Видео)

Мартин Хинтерегер си постигна автогол по една несмасна реакција во 18-тата минута, а Македонија си доби бундеслигашки подарок од стоперот на Ајнтрахт Франкфурт и води со 1:0 против Австрија.

Езџан Алиоски нафрли топка од негова позиција, а Хинтерегер сакаше да ја врати топката до својот голман, но Линднер веќе беше истрчан, па не стигна да спаси автогол.

Ова е и убава сатисфакција за незаслужениот пораз од Полска во петокот, а имавме и доста среќа бидејќи Австријците утнаа два чисти зицери на почетокот на мечот.

https://twitter.com/daralandapaslar/status/1138160329232437248

- Оглас -

Најнови вести