Затоа го сакаа: Пујол и кога игра тенис, има крв на сите страни

Карлес Пујол додека играше за Барселона, беше повеќе од обичен капитен на тимот, вистински водач, симбол на клубот, го идентификуваа со дресот на клубот, играше со срце и затоа се одвојуваше од останатите. И сега, кога тој има 42 години и веќе не е активен фудбалер, не може да биде поинаков, туку си остана фајтер, жесток маж кој оди на сè или ништо дури и кога игра тенис со пријателите.

Пујол со Барса и шпанската репрезентација освои сè, а веќе шест години е во пензија и повремено игра тенис. Иако тоа е спорт во кој нема контакт со противник, кога игра Пујол, мора да има крв, макар и негова. Тој во обид да врати еден лоб, се затрча и мина низ стаклена врата. Бушавиот Каталонец сето ова го проследи со насмевка и сликата со крвта на ногата ја сподели со јавноста. Раната ќе зарасне и додека го држат нозете, тој ќе пристапува на ист начин, или 100 проценти или никако.

- Оглас -

Најнови вести