Затоа Лазаров е светска легенда: Имав неколку грешки ама на 42 години издржав цел натпревар

Македонската ракометна репрезентација се пласираше во финалето на баражот за Светското првенство, откако ја мина Романија по двата натпревари.

Нашите момци по победата во Скопје од 30:22, денеска загубија со 24:22, но овој пораз не значеше ништо.

Кире Лазаров со своите 42 години беше наш најефикасен ракометар со пет постигнати погодоци но за тоа каква легенда станува збор, може да се долови од неговата изјава.

„Знам дека имав неколку грешки, но, на 42 години успеав да издржам да го одиграм целиот натпревар. Паскал не ме изненади со ништо, бидејќи оваа дефанзива ја играше и во Барселона.

Голема работа е тоа што ја поминавме Романија бидејќи тоа е една сериозна репрезентација. За три недели играме против Чешка, селекција која што исто така добро ја познаваме“ изјави предводникот на националниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести