Затоа прекарот му е „пари“, Мејведер доби милион долари само за еден телефонски повик

Поранешниот боксерски шампион Флојд Мејведер побара и си доби милион долари само за да се јави на телефон за да договори егзибициски бокс меч со јутјуберот Деџи.

Егзибицискиот боксерски меч е закажан за 13 ноември во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.

„Ме побараа организаторите и ми рекоа дека сакаат да ме видат во Обединетите Арапски Емирати. Им реков дека не разговарам сè додека не ми легнe на сметка уплатата. Кога видов дека парите се тука, започнав преговори“, изјави Мејведер, чиј прекар е „пари“.

Мејведер по завршувањето на професионалната кариера, е активен со настапи на егзибициски боксерски мечеви и досега од нив заработи повеќе од 110 милиони долари.

„Не сакам да боксувам професионално. Егзибициите ми одговараат сè додека ми носат ваков добар профит“, вели Мејведер.

- Оглас -

Најнови вести