Затоа Роналдо беше феномен, го натера Пујол да го фаулира судијата што не му досуди пенал (Видео)

Луис Назарио де Лима, или едноставно Роналдо, е фудбалерот кој остави траен печат во светскиот фудбал. Бразилецот кој речиси пред една деценија стави крај на кариерата, според многумина е многу подобар фудбалер од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои доминираат повеќе од 10 години во светскиот фудбал.

Бразилскиот виртуоз може да се пофали дека ги има освоено сите најзначајни индивидуални трофеи, а за разлика од Меси и Кристијано, голгетерот на бразилската репрезентација дури двапати бил и светски првак. Во кариерата играше и за Барселона и за Реал Мадрид, а во Италија ги носеше дресовите и на Милан и на Интер.

За мајсториите на Роналдо може многу да се зборува и да се покажуваат клипови и исечоци, но еден е посебно впечатлив. Тоа е моментот од Ел Класико во 2006 година, кога Роналдо успеа да го понижи капитенот на Барселона, Карлес Пујол, а во исто време и да му се „одмазди“ на судијата што ја делеше правдата на таа средба.

Во една акција, Роналдо се обиде да симулира пенал, па арбитерот реши да му даде жолт картон поради глумата. Само неколку минути подоцна, Роналдо му се „одмазди“ на судијата, и тоа преку Пујол. Бразилецот тргна во продор, во негова близина беше Пујол, а дефанзивецот на Барселона наместо да го фаулира противникот, успеа да го турне на земја судијата.

- Оглас -

Најнови вести