Затоа се смета за најдобар на сите времиња: Роџер најави атак на медалот што му фали во колекцијата

Златен медал од Олимписките Игри е единственото одличје кое му недостасува на Роџер Федерер во неговата пребогата колекција од трофеи. Швајцарецот има олимписко злато, но во дубл кое го освои заедно со Стен Вавринка во Пекинг во 2008 година, додека четири години подоцна во Лондон загуби во финалето од Енди Мареј.

Федерер на стартот од 2020 година веќе знае на што ќе атакува, тенискиот маестро има план и најави дека ќе вложи максимум да го оствари.

„Морам напорно да тренирам и во што подобра форма да се појавам во Токио. Секако, на турнирот ќе се појавам со една цел во мислите, а тоа е да го освојам златниот медал, затоа и ќе патувам за Јапонија. Сакам да ја искористам таа прилика бидејќи чувството да освоиш било кој трофеј е убав, но злато од ОИ е нешто посебно“, истакна Федерер.

Швајцарецот е најтрофеен тенисер на сите времиња по бројот на Гренд слем титули, има 20, додека зад него е Рафаел Надал со една титула помалку, додека Новаќ Ѓоковиќ брои 16 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести