Заврши бајката Мирандес – Реал Сосиедад е прв финалист во Копа Дел Реј

Реал Сосиедад ја заврши бајката на второлигашот Мирандес во шпанскиот куп и ќе игра финале против подобриот од двомечот Атлетик Билбао и Гранада, чија завршница е утре со реванш-мечот на „Лос Карменес“.

Прволигашот и вечерва беше подобар од Мирандес, славеше со 1:0 на гостински терен и со вкупен резултат од 3:1 се пласира во финалето.

Мирандес беше единствениот второлигаш уште од четвртфиналето и стана вистински хит со елиминациите на фаворитите Селта, Севилја и Вилјареал, но не успеа да нареди и четврти подвиг за прво финале во Копа Дел Реј.

Стрелец на единствениот гол вечерва беше Микел Ојарзабал од пенал во финишот на првото полувреме.

Утре Гранада ќе му биде домаќин на Атлетик Билбао во реваншот од второто полуфинале. Првиот меч заврши со победа на Баскијцитете од 1:0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести