Заврши епохата на Дибиров во Вардар, следна дестинација му е Загреб

Вардаровата икона Тимур Дибиров и дефинитивно прави трансфер во ППД Загреб. Хрватскиот гигант наскоро ќе го промовира крилниот ракометар како големо засилување, по успешните преговори со македонскиот шампион.

Фактот што Вардар нема да настапува во Лигата на шампионите, се покажа како полн погодок за загрепчани кои се „виновни“ за раскинувањето на долгата и успешна врска на Дибиров со Црвено-црните.

Дибиров во изминатава деценија се истакна како еден од најдобрите крила во Европа. Со Вардар двапати беше европски шампион, освои и седум титули во домашното првенство, како и четири трофеи во СЕХА-лигата. Заминува со реноме на четврти најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести