Изненадување во Белград – Нема хет-трик за одбојкарките на Србија, Италија е нов европски првак

Италија забележа нов голем успех во колективните спортови, а одбојкарките приредија голем подвиг и се нови европски првенки.

Вечерва во Белград ја победија Србија со 3:1 и по третпат станаа најдобри на Стариот Континент. Србинките кои доминираа во последно време и во финалето вечерва тргнаа по хет-трик сепак не успеаја да стасаат до трета шампионска круна по ред.

Поведоа со 1:0 во сетови, откако беа подобри на стартот со 26:24, но потоа доминираа Италијанките и заслужено се на врвот на Европа.

Вториот сет го добија со 25:22, потоа и следниот со 25:19, а во завршницата апсолутно беа подобри од Србинките и ги декласираа со 25:11 за триумф од 3:1 вреден европска титула.

Сега и Италија има три пехари од ЕП, како и Србија, а на врвот има интересна ситуација кај дамите. Поранешниот СССР се уште се води како лидер со 13 титули, а самостојна Русија е на второто место со шест титули европски првак.

Во мечот за бронзата Турција ја победи Холандија со 3:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести