Заврши европскиот сон за Тричковски и Мојсов

АЕК Ларнака претрпе елиминација од Гент по вечерашниот пораз од 3-0 во третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Македонските интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов нема да играат втора година во низа во групната фаза.

По ремито од 1-1 во првиот меч, македонското дуо со својот тим имаше тешка задача на денешното гостување во Белгија. АЕК се држеше до 65-тата минута, а Депоитре и Давид му обезбедија бараж на Гент.

Сепак, има шанси и оваа сезона Македонија да има свој претставник во Лигата на Европа откако Риека повторно го совлада Абердин со 2-0 и обезбеди бараж за групната фаза, иако македонскиот репрезентативец Дарко Велковски не запиша минутажа во победата.

Останати резултати:

Апоел Бер Шива 3-1 Норкопинг (Апоел оди понатаму), ТНС 0-4 Лудогорец (Лудогорец оди понатаму), Трабзонспор 3-1 Спарта Прага (Трабзон оди понатаму), АЕК 1-1 Крајова (АЕК оди понатаму), П’лзен 2-1 Антверпен (Антверпен оди понатаму), Валета 0-4 Астана (Астана оди понатаму), АЗ Алкмар 4-0 Мариупол (Алкмар оди понатаму), Ајнтрахт Франкфурт 1-0 Вадуц (Ајнтрахт оди понатаму), ПСВ Ајндховен 0-0 Хегенсунд (ПСВ оди понатаму), Стразбур 1-0 Локомотив Пловдив (Стразбур оди понатаму), Брага 3-1 Брондби (Брага оди понатаму), Глазгов ренџерс 3-1 Митјиланд (Ренџерс оди понатаму), Вулверхемптон 4-0 Пјуник (Вулвс оди понатаму).

- Оглас -

Најнови вести