Заврши кошарката во Италија за оваа сезона

Претседателот на Италијанската кошаркарска федерација, Џани Петручи, потврди дека сезоната во Серија А нема да продолжи, односно дека е означен крај. Пандемијата со Коронавирусот прекина секаков спорт ширум светот, а додека фудбалските федерации и натаму се обидуваат по секоја цена да ја продолжат сезоната кога ќе биде погодно, веќе неколку кошаркарски шампионати во Европа официјално се откажани без можност за доигрување.

Допрва ќе се одлучува дали ќе се прогласи шампион и што ќе се случува со целокупниот пласман, а пред прекинот на сезоната, врвот на табелата го заземаше Виртус Болоња, додека претставникот во Евролигата, Олимпија Милано, ја дели третата позиција со Бреша при идентичен учинок.

Единствени клубови кои би можеле да имаат обврски се Олимпија Милано, Виртус Болоња и Венеција доколку се одлучи сезоната во Евролигата и Еврокупот да се довршат во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести