Заврши ли пред да почне Гран-При Германија за Ферари?

Себастијан Фетел доживеа ново разочарување на свој терен, во германскиот Хокенхајм и денеска ќе стартува од последната позиција на Гран-При Германија од 15 часот.

Болидите на Ферари повторно не се во препознатлив и очекуван баланс, па Фетел не успеа да извози ниту еден круг на вчерашните квалификации поради технички проблеми. Лани, Германецот не успеа да ја заврши трката во Хокенхајм, иако ја имаше пол-позицијата, па ова е второ големо разочарување едноподруго пред својата публика и на свој терен.

Ниту вториот пилот на Ферари, Шарл Леклер не мина многу подобро од клупскиот колега, па и тој од лоша стартна позиција со број 10 ќе ја почне денеска трката во Хокенхајм. И тоа се чини е главната дилема, колку можат Фетел и Леклер да ги поправат очигледните слабости на болидите на Ферари и да се изборат за пристоен пласман.

Пол-позицијата ќе ја има актуелниот шампион и лидер во Генералниот пласман, Луис Хамилтон, кој го искористи подарокот и беше најбрз вчера на патеката во Хокенхајм. Сега е и топ-фаворит за нова победа во неделата во која Мерцедес слави 125-годишен јубилеј.

Зад Хамилтон како втор пилот на трката ќе стартува Марк Ферстапен од Ред Бул ресјинг тимот, а Валтери Ботас од Мерцедес ќе чека шанса од третата стартна позиција. Потоа следат Пјер Гасли од Ред Бул рејсинг и Кими Раиконен со Алфа Ромео како кандидати за победа на денешната трка во Хокенхајм.

 

 

- Оглас -

Најнови вести