Заврши сагата со Лопетеги – Реал му врачи отказ, ќе го менува Солари

Сагата со Хулен Лопетеги заврши и Реал Мадрид и официјално му врачи отказ, а како што објавија на клупската страница, нов тренер, но само како привремено решение, е поставен Сантијаго Солари.

„Сакаме да ја промениме динамиката, а сите цели сè уште се достижни. Има диспропорција меѓу квалитетот на играчите и нивните игри на теренот во последно време. Имаме 8 номинирани фудбалери за Златната топка и лоши резултати“, стои во соопштението на Кралскиот клуб.

Солари е тренер на вториот тим на Реал Мадрид, позиција од која на кормилото на актуелниот европски првак дојде и Зинедин Зидан. Тренер, кој имаше одлични резултати и освои три титули во Лигата на шампионите со Реал.

- Оглас -

Најнови вести